Без апсолутно никаков проблем ПСЖ стигна до триумф од 3-0 против Ница во првиот натпревар на 11. коло во францускиот шампионат.
Иако без казнетиот Нејмар кој мечот го следеше од трибините, тимот од Париз на крилјата на Единсон Кавани стигна до посакуваните три бода.
Двоецот Ди Марија – Кавани, всушност, го водеше ПСЖ до победата. Уште во првото полувреме Кавани на два пати стрелаше, во 3. и во 31. минута на асистенција на Ди Марија. Третиот гол беше автогол на Данте во 52. минута.
По оваа победа ПСЖ со 29 бода дополнително се зацврсти на врвот од табелата, со седум бода предност во однос на второпласираниот Монако. Ница остана на претходно освоените 10 бода од 11 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА