Нејмар опериран, може да биде во „аут“ една година

Бразилската ѕвезда Нејмар ја изврши потребната операција на коленото. Операцијата е направена во Бело Хоризонте, а опоравувањето на напаѓачот ќе биде минимум шест месеци, а може да трае и една година. Најверојатно тој ќе ја пропушти Копа Америка, која следното лето ќе се одржи во САД.

Нејмар го скина предниот вкрстен лигамент. Операцијата ја изведе докторот на бразилската репрезентација, и траеше четири часа. Се очекува во сабота играчот да биде пуштен на домашно лекување.

Крилниот играч заработи повреда на натпреварот на Бразил против Уругвај на 17. октомври во квалификациите за СП. Оваа година Нејмар нема среќа со повредите. Во март мораше да прави операција на зглобот, поради што го пропушти финишот на сезоната за ПСЖ. Потоа летото се пресели во Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Се вчитува...