Нејмар ослободен од обвиненијата за силување

Бразилскиот суд ја затвори истрагата за случајот во кој Нејмар беше обвинет за силување на една жена. Судот во Рио де Жанеиро на 2. октомври донел одлука истрагата да заврши. Ѕвездата на Пари Сен Жермен цело време негираше дека е виновен.

Бразилската манекенка Наила Тринидаде го обвини Нејмар за силување во една хотелска соба во Париз во мај 2019 година. Обвинението беше одбиено поради недостаток на докази, а против манекенката е поднесена тужба за наводно лажна пријава за злосторство.

 

Се вчитува...