Бразилскиот ас Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен и следната сезона, потврди неговиот татко кој воедно му е и фудбалски агент. Нема речиси никаква можност за негов трансфер, со оглед дека има долгогодишен договор со „светците“, а клубот јасно ставил до знаење дека не сака да го продаде својот најдобар фудбалер. За Нејмар е заинтересиран Реал Мадрид, меѓутоа претстојното лето тоа ќе биде невозможна мисија.
„Пари Сен Жермен ги исполни сите желби на Нејмар при неговиот трансфер од Барселона и фановите можат да бидат мирни, тој ќе остане во клубот и следната сезона и ќе помогне во освојувањето на нови титули“, изјави Нејмар сениор за „Л’Екип“.
Нејмар се врати на тренинзите на ПСЖ по повредата на стапалото и се надева дека ќе биде подготвен за настап во финалето на Купот на Франција на 27 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА