Раководството на Сантош на најдобар можен начин им ја честиташе новата година на своите навивачи, објавувајќи дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Нејмар.
Бразилската суперѕвезда дојде во клубот минатата година и беше најзаслужен што Сантош обезбеди опстанок, играјќи повреден и постигнувајќи неколку клучни погодоци во завршните рунди од бразилскиот шампионат.
Нејмар ја заврши годината со 20 натпревари и осум погодоци во дресот на Сантош, а на негова адреса пристигнаа неколку интересни понуди за враќање назад во Европа.
Сепак, Нејмар на крајот пресече – избирајќи ја понудата на Сантош и потпишувајќи нов едногодишен договор со овој славен бразилски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

