Нејмар го очекува нова долга пауза од терените откако бразилскиот ас настрада на квалификацискиот дуел со Уругвај и на носилки беше изнесен од терените.
Црното сценарио беше потврдено доцна синоќа, кога беше обелоденето декa станува збор за кинење на вкрстените лигаменти и менискусот, по што Нејмар го очекува повеќемесечна пауза од терените.ж
„Ова е тажен момент, најтежок во мојот живот. Знам дека сум силен, но овојпат ќе ми треба поддршка од семејството и од моите пријатели. Не е лесно да се повредиш, да те оперираат, да се вратиш… и само четири месеци подоцна пак да ти се случи истото. Имам верба, оставам се во божју раце“, напиша Нејмар во емотивниот пост на социјалните мрежи“, напиша Нејмар во емотивиниот пост на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

