Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар раскажа дека многу тешко ја прифатил информацијата за сериозноста на повредата која го принуди на пауза од фудбалот. Нејмар се повреди на дуелот од Купот против Стразбур и ќе паузира околу еден месец.
„Кога се повредив првпат си реков дека морам да се вратам најбрзо што може. Сега ми беше многу потешко и покомпликувано. Тешко ја прифатив ситуацијата. Плачев два дена. Лекувањето штотуку почна. Ова ќе биде долго патување и ќе имам победи ден по ден. Тешко е да се биде надвор од фудбалот. Ланското искуство ме направи посилен“ – вели Нејмар.
Напаѓачот на ПСЖ покрај дуелите од француското првенство ќе го пропушти и осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Најавите се дека би можел да биде подготвен за четвртфиналните средби во елитното натпреварување.
Neymar revela drama por causa de nova lesão no pé: ‘fiquei uns dois dias chorando em casa’#Neymar #BlastingNews #Famososhttps://t.co/I2me9Hegmu pic.twitter.com/ENnJXg5pcO
— Blasting News Brasil (@BlastingBrazil) February 20, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА