Нејмар по историскиот „потоп“ на Сантос со 0-6: Немам доживеано ваков срам во животот

Сантос го доживеа еден од најтешките порази во својата историја откако во 20. коло на бразилското првенство загуби со преубедливи 0-6 од страна на Васко де Гама за кој ова е најубедливата победа во долгата историјата.

По натпреварот Нејмар не успеа да го сокрие солзите па брзо стана хит на социјалните мрежи, а 61-годишниот тренер на Сантос Селебер Хавиер доби отказ.

„Засрамен сум. Разочаран сум од прикажаното. Фановите имаат право да протестираат, нормално без насилство, но доколку сакаат да не колнат и навредуваат го имаат секое право. Чуствувам преголем срам. Ова ми се нема случено во животот. За жал, се случи. Солзите беа одраз на лутина од се што се случи. Ни се случи големо ср*ње“, изјави Нејмар.

Се вчитува...