Нејмар по само неколку месеци потпишува нов договор со Сантос

Бразилскиот фудбалер Нејмар е многу блиску до продолжување на договорот со Сантос на уште една година. Според информациите, остануваат уште само финалните детали за да се потпише новиот договор со важност до 2026 година.

Нејмар се врати во Сантос во јануари годинава, откако го напушти Ал-Хилал. 33-годишниот Бразилец досега одигра девет меча за Сантос, и имаше по три голови и асистенции.

Во минатото Нејмар играше и за Барселона и за ПСЖ. Најголемите успеси ги постигна со Барселона, каде што ги освои сите титули, вклучувајќи го и трофејот во ЛШ.

Се вчитува...