Нејмар побара поголема плата, соиграчите бесни: „Нека си игра тогаш сам!“

Не е никаква тајна дека Нејмар не успеа да се вклопи добро во соблекувалната на францускиот шампион ПСЖ. Се почна со себичноста на терен, продолжи со судирите со соиграчите, а врв на сето тоа е последното негово ултимативно барање за зголемување на платата.

А, тоа негово барање не го прифатија најдобро неговите соиграчи. Секако очекувано. Посебно ако се знае дека Нејмар дневно заработува речиси 20.000 евра… Но, тоа не му било доволно па сега бара повеќе. Барање кое може да се протолкува или како реална незаситност, или како обид да изнуди трансфер. Затоа што тајмингот на барањето е токму кога и шпекулациите за негова преселба во Реал Мадрид, што се чини се поизвесно.

Дури и Зинедин Зидан, кој инаку никогаш не коментира шпекулации, раскажа една анегдота од француската репрезентација кога бил фудбалер, откако го прашаа дали Нејмар и Роналдо би можеле да играат во ист тим.

„Така тогаш постојано зборуваа дека јас и Џоркаеф не можеме да играме заедно. А, ако ме служи добро памтењето и тоа како бевме добри заедно на терен освојувајќи многу трофеи“ – рече Зидан.

Информацијата за ултимативно барање за зголемување на платата стигна и до соиграчите на Бразилецот во ПСЖ. А, каква била нивната реакција сигурно најдобро отсликува изјавата на фудбалерот од средниот ред Адриен Рабио на кого договорот му истекува следната година:

„Па, тогаш нека игра сам со себе!“

Се вчитува...