Нејмар подготвен за Русија – Ова ќе биде мој мундијал!

Нејмар се опоравува од повредата, и како што најави, интензивно се подготвува за настапот со репрезентацијата на Бразил на мундијалот во Русија. Ѕвездата на ПСЖ, во интервју за бразилските медиуми, најави дека овој мундијал ќе биде во негов знак и дека може да го однесе Бразил до светска титула.

„Мундијалот е најголемото натпреварување во светот, сакам да играм таму и да бидам шампион. Светското првенство мора да биде мое. За мене најголемо задоволство е да бидам на терен“ – изјави Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ во февруари се повреди и оттогаш е надвор од фудбалските терени. Но, Нејмар истакнува дека опоравувањето се одвива добро што му дава надеж дека ќе биде подготвен до стартот на СП во Русија.

„Почнав да тренирам со топка, се чувствувам добро. Се разбира дека и понатаму постои страв, но одиме полека“ – вели ѕвездата на ПСЖ.

На СП во Русија, Бразил ќе игра во групата Е со Србија, Швајцарија и со Костарика.

Се вчитува...