Иако неговиот Сантос славеше против Ремо со 2-0, Нејмар повторно е главна тема во бразилската јавност поради своето однесување. По натпреварот, фудбалската ѕвезда упати остри критики кон главниот арбитер Савио Переира Сампајо, незадоволен од неговите одлуки.
Поради добиениот жолт картон кој е негов трет во само четири меча Нејмар веќе е суспендиран за претстојното дерби против Фламенго. Сепак, неговите вербални напади по натпреварот може да му донесат многу поригорозна казна од Дисциплинската комисија, што сериозно го загрозува неговиот статус во бразилската репрезентација.
Овие зборови предизвикаа негативни реакции во фудбалската јавност, а Бразилската фудбалска конфедерација преку својот дисциплински комитет веќе разгледува можност за строга санкција. Според најавите, можно е напаѓачот да биде суспендиран дури до 12 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

