Нејмар се соочува со двегодишна затворска казна!

Нејмар во периодот од 17. до 31. октомври ќе биде во центарот на вниманието на судскиот спор во Барселона за наводните нерегуларности при трансферот на Бразилецот од Сантос со Барселона во 2013 година.

Покрај на фудбалерот ќе им се суди и на неговите родители, фамилијарниот бизнис „N&N“, на неговиот поранешен менаџер Сантос Родригез, како и поранешниот претседател и потпретседател на Барселона, Бартоему и Росел.

Судењето доаѓа по пријава на бразилската инвестициска група ДИС за можна корупција. Истата беше дел од трансферот и има примено помалку пари од тоа што и припаѓа за трансферот на бразилскиот репрезентативец.

Во Шпанија и Бразил беа покренати истраги за утврдување дали некој дел од сума на трансферот е скриен, а и покрај тоа што во 2017 година за истото Нејмар се изјасни како невин, повторно ќе биде дел од судски спор откако Врховниот суд ја одби неговата жалба. Обвинението за кое се товари повлекува можност и за двегодишна затворска казна.

Се вчитува...