Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи нова повреда во натпревар на неговиот Сантос во домашниот шампионат на Бразил.
Најавен како мега засилување, учинокот на Нејмар е симболичен, а и минутажата. Тој повторно, по којзнае кој пат се повреди и го напушти тренингот на клубот.
Тој и дефинитивно нема да биде подготвен за денешниот натпревар во Паулиста шампионатот против тимот на Сао Паоло.
Да бидат работите уште полоши за поранешниот шампион на Бразил и Јужна Америка, Сантос во моментов се наоѓа само еден бод над опасната зона во Паулиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

