Бразилскиот фудбалер Нејмар за новогодишните празници има нов имиџ. Ѕвездата на ПСЖ веќе замина на одмор, а вчера на социјалните мрежи се пофали со новата фризура со руси суканици.
Како и секогаш, Нејмар и овој пат го привлече вниманието на јавноста коjа сега се „занимава“ со оценките дали добро му стои новата фризура или треба да се врати „во нормала“.
За Нејмар пак ова е само уште една дополнителна реклама надвор од фудбалските терени и уште поголема популарност која е од интерес на спонзорите. Бразилскиот фудбалер е вистински магнет во таа сфера. Има потпишано договори со дури 35 различни брендови и милионски заработувачки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА