Нејмар повторно во центарот на вниманието: „Тој ќе прави се, само не тоа за што е платен!“

По дванаесет години, на 30 јануари оваа година, Нејмар реши да се врати во родната земја Бразил и да заигра за клубот во кој порасна. Во текот на тие дванаесет години, имаше долг период во Европа со Барселона и ПСЖ, а потоа беше и во Ал-Хилал пред да се врати во Сантош.

Но, не се наигра нешто и во Сантош. Досега одигра само девет натпревари, а на тие девет постигна три гола и додаде три асистенции.

Синоќа неговиот тим имаше натпревар против Баија, а Нејмар се појави во соблекувалната во костим на суперхеројот Бетмен. Тој им одржа говор на соиграчите пред почетокот на мечот, а според бразилските медиуми „исчезнал“ и после тоа повеќе не бил виден на натпреварот.

Натпреварот заврши 2-2, а навивачите на бразилскиот клуб веќе почнуваат да се разочаруваат од Нејмар и неговиот пристап кон фудбалот.

Не е тајна дека понекогаш фудбалот изгледа како сосема споредна работа во животот на Бразилецот, бидејќи е познат по тоа што ужива во луксузниот живот.

Откако беа објавени фотографиите од него во костимот на Бетмен, на социјалните мрежи почнаа да се слеваат коментари.

„Овој лик ќе направи се освен она тоа за што е платен – да игра фудбал… Барем да останеше и да го гледаше натпреварот од трибините ако не може да игра“ – се само дел од коментарите на навивачите на Сантош.

Се вчитува...