Нејмар пред камбек во Барселона?

Бразилскиот репрезентативец Нејмар ова лето може да се врати во редовите на Барселона, открива шпанскиот инсајдер Герард Ромеро. Тој нема да биде дел од трансфер заедно со Усман Дембеле, туку се очекува да реализира посебен трансфер, доколку истиот го одобри Чави.

Нејмар повеќе не е во плановите на ПСЖ кој по заминувањето на Меси и најавеното заминување на Мбапе започнува нова ера па и нема ништо против 31-годишниот ова лето да замине од „Паркот на Принцовите“.

Нејмар кој во 2017 година реализираше трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и понатаму е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Се вчитува...