Нејмар прифаќа да оди во С.Арабија: Ќе заработи вртоглави 330 милиони евра

Наводно заминувањето на Нејмар, иницираше враќање на Килијан Мбапе во тимот на ПСЖ. Бразилецот е пред заминување од Париз, само не е познато дали тоа ќе биде враќање во Барселона, или прифаќање на саудиските милиони. Пореална опција засега е втората, односно трансфер во Саудиска Арабија.

И нема зошто Нејмар да не ја прифати понудата, затоа што ќе заработи вртоглави милиони од неговиот престој во Ал-Хилал. Овој клуб наводно му понудил на фудбалерот 80 милиони евра по сезона, но Бразилецот одбил. Но, тоа не е се.

Упорноста на Ал-Хилал да го доведе Нејмар на крајот може да се исплати. Според најновата информација, овој тим му нуди на Нејмар цели 100 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси. Тоа би било 110 милиони евра по сезона, а со оглед дека Саудијците му нудат три години договор, се добива сума од неверојатни 330 милиони евра.

Тоа е понуда која тешко се одбива, имајќи во предвид дека Барса му нуди „само“ 15 милиони евра по сезона.

Се вчитува...