Нејмар прво со брукаше, а потоа испиша историја (ВИДЕО)

Бразил со убедлива победа од 5-1 синоќа против Боливија во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, во меч во кој брилјираше Нејмар кој со два гола испиша историја.

Но, не одеше се според планот за Нејмар на почетокот од мечот откако во 17. минута не успеа да реализира пенал.

Сепак, седум минути подоцна Родриго погоди, а во продолжението Бразилците се лесно решија со головите на Рафиња и Родриго.

Во 61. минута Нејмар погоди за 4-0, потоа Боливија намали на 4-1, а кога се очекуваше крај Нејмар во судиското продолжение повторно погоди.

Со овие два гола Нејмар го престигна легендарниот Пеле на вечната листа. Сега Нејмар е осамен рекордер со 78 гола.

Се вчитува...