Најскапиот играч во светот, Бразилецот Нејмар, им одговори на критичарите за гестикулациите што ги правеше по многубројните фаули над него на Светското првенство во Русија. Тој вели дека противничките фудбалери воопшто не ја гледале топката, туку сакале да го удрат директно во нозете, со намера да го сопрат.
„Ги забележав смешните коментари и видеа кои се појавија, но и сериозните критики на моја адреса. Јас играм фудбал сакајќи да го издриблам противникот, не можам да застанам и да чекам да ме удрат. Противниците имаат една и единствена цел, само да ме удрат и да ме оневозможат да продолжам кон голот. Тие удари навистина предизвикуваат болка, иако и јас знам да претерам со превиткувањето. Луѓето побрзаа да ме критикуваат, но тоа мене нема да ме обесхрабри, јас сум големо момче и знам колку можам“, изјави Нејмар.
Бразил разочара со својот настап на Мундијалот во Русија, откако потклекна во четвртфиналето со поразот од Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА