Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Едилсон изјави дека на врвот на кариерата бил подобар од Кристијано Роналдо, Меси и Нејмар.
„Во најдобрите денови играв подобро од Нејмар. Прво нека го освои Светското првенство, па може да каже дека е подобар од мене. Исто е и со Меси и со Роналдо. Прво нека го освојат Мундијалот па ќе може да кажат дека се подобри фудбалери од мене“, изјави Едилсон.
Едилсон имаше споредна улога во репрезентацијата на Бразил во освојувањето на Светското првенство во 2002 година, а со Палмеирас и Коринтијанс четири пати беше шампион на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА