Ѕвездата на ПСЖ и репрезентацијата на Бразил, Нејмар ја отвори душата во интервју за „Дејли Мејл“ во кое покрај амбициите на теренот проговоре и за работите кои го интересираат надвор од него, а се чини дека стави и крај на сите шпекулации за неговото заминување од Париз.
„Не ме мотивираат порази, ме мотивираат само победите кои ги имам остварено во живтот и кариерата. Знам какво е чувството да освоиш Лига на Шампиони и уверен сум дека повторно ќе го остварам тоа, но овој пат како фудбалер на ПСЖ. Сакам тоа да го направам со ПСЖ и да го освојвам Светското првенство со Бразил“ – откри во интервјуто Нејмар.
Бразилецот призна дека по Париз, омилен град му е Лондон, но не е сигурен дали во иднина ќе облече дрес на некој клуб од англиското првенство. Како што вели Нејмар, Премиерлигата не му е привлечна…
„Не ја пратам премногу Премиерлигата, но знам дека контакт играта е презастапена на Островот. За мене и Лига 1 во Франција е претешка“ – додаде напаѓачот на ПСЖ.
28-годишникот покрај фудбалот сака да организира журки, да игра покер и ужива во новите фризури, а како што вели, во тоа не гледа ништо лошо.
„Не може да размислувам само за фудбалот. Постојат работи кои не забавуваат и надвор од теренот, тоа е природно, така фукнционира светот. Сите знаеме како правилно да го распоредиме работното време со времето кое го поминуваме со фамилијата, пријателите, или едноставно се забавуваме. Пандемијата не натера да размислуваме различно, и едвај чекам еден ден повторно да го гушнам секој, како што претходно го правев тоа“ – додаде Најмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА