Бразилецот Нејмар неодамна се врати во својот Сантош, што според многумина значи мирен крај на кариерата во овој клуб.
Но, очигледно Нејмар не мисли така, затоа што, според негови блиски, негова единствена голема желба е да се врати во Барселона, а Сантош е само клуб каде сака да ја достигне посакуваната форма пред враќање во Каталонија.
„Тој, самиот си постави задача да направи се што е можно за да се врати во Барселона каде играше од 2013 до 2017 година. Тоа е неговата цел“ – велат негови блиски извори за шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

