Нејмар само што се врати на терените, повторно се повреди

Бразилецот Нејмар одигра помалку од половина час во триумфот на неговиот Ал Хилал над Естеглал од 3-0 во четвртото коло од Западната конференција на азиската Лига на шампиони.

32-годишниот фудбалер во игра влезе во 58. минута, па по само триесет минути го напушти теренот држејќи се за задната ложа. Ова беше втор натпревар по долга пауза поради повреда на кој настапи Нејмар, а интересно е што беше во истото натпреварување.

Тогаш поранешниот ас на Барселона играше кратко против Ал Аин, а пропушти три последователни натпревари од саудиското првенство.

Се вчитува...