Бразилскиот ас Нејмар и понатаму е во фокусот на вниманието со најавите за негов можен трансфер од Пари Сен Жермен ова лето. Иако Реал Мадрид е клубот кој најчесто се поврзува како негова следна дестинација, сепак, очигледно дека во игра е и Манчестер сити. А, и Нејмар самиот ги подгреа гласините, откако истакна јавно дека би сакал да работи со Пеп Гвардиола.
„Би сакал да работам со Гвардиола, тој е поинаков тип на тренер“, истакна Нејмар во интервју за „ЕСПН Бразил“.
Нејмар минатото лето направи мегатрансфер од Барселона во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра, а по само една сезона сега повторно би можел да го урне рекордот што самиот го постави за најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА