Бразилската ѕвезда Нејмар, верува дека ќе биде подготвен да заигра на Светското фудбалско првенство во Русија што почнува на 16 јуни. Напаѓачот на ПСЖ на 26 јануари го повреди стапалото и заврши на операција, но се надева дека до почетокот на мундијалот ќе биде во добра форма и ќе може да игра.
„Сомнеж постои, но тоа е нормално после првата операција во кариерата. Тешко ми е да бидам надвор од теренот, но барем сум одморен. Мора да гледам позитивно на работите“ – изјави Нејмар не прес-конференцијата во Сао Паоло каде се опоравува од повредата.
Бразил првиот натпревар го игра на 17 јуни против Швајцарија, на кои според најавите на терен ќе биде и Нејмар.
„Се надевам дека таму ќе стигнам во добра форма. Последниот преглед ми е на 17 мај и после тоа ќе можам да игра. На претходниот преглед се беше идеално. Се надевам дека така ќе биде и понатаму и дека ќе вратам на терен што поскоро. Штом почнам да тренирам, ќе работам посилно од кога и да е. Светското првенство е мој сон. Чекав четири години на оваа шанса“ – истакнува Нејмар.
По дуелот со Швајцарија, Бразул ќе ги одмери силите со Костарика и со Србија. И покрај дебаклот на домашен терен пред четири години, Бразил е еден од главните фаворити на претстојниот мундијал во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА