Нејмар се подалеку од Мундијал: Анчелоти нема да го повикува за идните „тестови“

Бразилскиот фудбалер Нејмар е се подалеку од настап на Мундијалот, откако се појави информација дека селекторот на Бразил Карло Анчелоти нема да го повика на последните две пријателски натпревари пред Светското првенство против Франција и против Хрватска, пишува ЕСПН Бразил.

Нејмар во последно време повеќе беше повреден, отколку на теренот, а неговата слаба форма го натера Анчелоти сериозно да размислува дали да го повика поранешниот фудбалер на Барселона и на ПСЖ во составот.

Нејмар во моментов игра за Сантос, договорот му е до крајот на годината, а поради се почестите повреди, дури во еден миг се појави информација дека можеби ќе ја заврши кариерата.

Се вчитува...