Нејмар е цврсто решен уште еднаш да се испроба во европскиот фудбал, а бразилскиот напаѓач е подготвен да направи и огромно предавство со кое би им забил нож во грб на навивачите на ПСЖ кои со години го бодреа додека ги бранеше боите на овој клуб.
Олимпик Марсеј е клубот што покажува најсериозен интерес за да го доведе Бразилецот во своите редови, а Нејмар делува максимално заинтересирано за преселба на „Велодром“, заборавајќи го фактот дека овој клуб е најомразениот ривал на „светците“ од Париз.
Договорот што Бразилецот го има со Сантош истекува на крајот од оваа календарска година, а Нејмар верува дека само со добри игри во некој европски тим би можел да се наметне кај Карло Анчелоти за сериозно да се смета на неговите услуги за претстојниот мундијал.
Олимпик ќе игра во ЛШ наредната сезона, што ќе значи и подобра финансиска „кондиција“ на овој клуб за да доведе звучни засилувања, иако и самиот Нејмар ставил до знаење дека е подготвен да ја намали сумата што ја бара за трансферот на „Велодром“ да може да биде комплетиран.
Нејмар настапуваше во францускиот шампионат од 2017 до 2023 година, откако ПСЖ плати рекордни 222 милиони евра за да го доведе од Барселона. Тој има пет титули во францускиот шампионат, успевајќи да постигне 118 гола и 79 асистенции на 173 средби во оваа лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

