Се чини дека деновите на бразилскиот ас Нејмар во Ал Хилал се избројани, а веќе подолго време се зборува за враќање во родниот Сантос во Бразил. Наводно и играчот се согласил на овој трансфер, само се чека договор меѓу двата клуба.
Наводно, Нејмар дефинитивно му кажал „да“ на клубот во кој израсна. Не е тајна дека неговата желба е веќе некое време да се врати во татковината, а сега се чини дека тоа враќање ќе се случи.
Сега доаѓа најтешкиот дел од работата. А тоа е да се договори околу раскинувањето на договорот со Ал Хилал. Претходните извештаи укажуваа дека Бразилецот не е подготвен да се раздели опростувајќи му го долгот на клубот од Саудиска Арабија. Уште повеќе, тој бара целосна исплата на неговиот договор иако одигра само два натпревари за Ал Хилал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

