Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ, Бразилецот Нејмар би можел да се врати на европските терени. Тој не е таму од 2023 година, откако ја прифати понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија, а потоа се врати во својот роден град Сантош на почетокот на оваа година.
Нејмар станува слободен агент за 13 дена. Иако не ја исклучува можноста за продолжување на договорот со Сантош, таткото и агент Нејмар Сантос постариот тврди дека неговиот син наскоро би можел да избере меѓу останување во Бразил и враќање во Европа.
„Гледам пазар кој е заинтересиран. Одиме во Мајами да преговараме со клубовите. Ќе ги слушнеме и ќе одлучиме што да правиме. Ќе ги слушнеме понудите и ќе одлучиме што да правиме. Да, европски клубови исто така го бараат. Некои од нив играат во Лигата на шампионите. Тие знаат дека може да има одлична сезона. Ние сме заинтересирани и за бразилскиот пазар, но и за останувањето во Сантош до Светското првенство во 2026 година“ – рече Нејмар постариот.
Нејмар одигра 128 натпревари за Бразил и постигна 79 гола. Тој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим и втор по број на настапи (Кафу 142). За Сантош постигна три гола на 14 натпревари, а за Ал Хилал, за кој беше потпишан со фиксна плата од 100 милиони евра по сезона и бонус од 20 милиони евра, само еден гол на седум натпревари.
Пред да пристигне во ПСЖ во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, со кого беше пет пати шампион на Франција, тој играше за Барселона од 2013 година. Со неа освои сè што беше можно, блескајќи како дел од напаѓачкото трио покрај Лионел Меси и Луис Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

