Бразилецот Нејмар, сосема извесно, ќе ја заврши својата епизода во Сантос на крајот од оваа година и ќе бара нова средина како слободен агент од јануари.
Бразилскиот фудбалер им беше понуден на Интер и Наполи на крајот од мај оваа година. Сепак, бидејќи тогаш беше повреден, овие два клуба одбија да го разгледаат како сериозна опција за засилување.
Но, како што пишува Фабрицио Романо, Пини Захави, агентот на Нејмар, има одлични односи со гореспоменатите клубови и повторно ќе им предложи веќе во јануари да го ангажираат одличниот напаѓач за кого, наводно, сега постои интерес. Според последните информации, Наполи е клубот кој нема ништо против да седне да се договори за доведување на Нејмар како слободен агент.
Во секој случај, Нејмар е решен да се врати во Европа. Неговата основна желба е да игра на Светското првенство 2026 и затоа ќе мора да го избере вистинскиот клуб за себе во наредниот период, за да се наметне кај селекторот Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

