Бразилскиот репрезентативец Нејмар ги стартуваше подготовките со ПСЖ. Не е тајна дека силно посакуваше да замине од клубот ова лето и да се врати во Барселона, но од тоа нема да има ништо.
Барселона нема доволно пари за да го врати во своите редови, а ПСЖ од друга страна не сакаше да прифати понуда со размена на фудбалери, но единствено ако го продава бара сума од 222 милиони евра која и е платена на Барселона летото 2017 година.
Па, веќе е јасно дека Нејмар си се помири со судбината. Па и следната сезона ќе биде во дресот на ПСЖ каде изминатите две сезони одигра 58 натпревари постигнувајќи 51 гол.
PSG arrived safely in China as Chinese fans go crazy for Neymar
pic.twitter.com/NWHb29rPM9— FancyDiMaria (@FancyDiMaria) July 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА