Нејмар: Сити ќе ја освои Премиер лигата, Ливерпул нема шанси

Бразилскиот фудбалер Нејмар прогнозираше кој оваа година ќе ја освои Премиер лигата. Според Бразилецот прв кандидат е Манчестер сити…

„Ќе биде тешка сезона, но Сити ќе ја освои лигата. Според мене, втор ќе биде Манчестер јунатед, потоа ќе следат Челси и Тотенхем, а Ливерпул ќе падне во текот на сезоната“ – вели Нејмар.

А, по четири кола токму Ливерпул е на чело на табелата со 12 бода, колку што имаат и Челси и Ватфорд. Сити е четврти со досега 10 освоени бода.

Се вчитува...