Нејмар славеше како луд, го скрши корнер знаменцето, но имаше само еден проблем….

Нејмар повторно се најде во фокусот на јавноста откако легендарниот голгетер лудо го прослави голот на дуелот меѓу Сантош и Интернационал. Само што имаше еден „мал“ проблем – Нејмар всушност и не постигна гол, но предоцна го забележа тоа.

Поранешниот ас на Барса и ПСЖ шутираше силно, топката удри во дирекот и се чинеше дека ќе заврши во мрежата, па Нејмар тргна во луда прослава, притоа кршејќи го и корнер-знаменцето на аголот на теренот.

Колку што беше еуфорична прославата, уште поголем беше шокот кога му беше кажано дека топката всушност не ја минала гол-линијата. Погледнете како изгледаше оваа комична ситуација…

Се вчитува...