Нејмар со хеликоптер на тренинг на репрезентацијата (фото)

Нејмар им се приклучи на репрезентативните колеги во тренинг-базата Гранжа Комари, но додека дел од побогатите членови на „кариоките“ пристигнаа со луксузни автомобили, асот на ПСЖ ги надмина сите откако слета во тренинг базата со својот хеликоптер Airbus H-145 од компанијата Мерцедес.

Бразилецот плати околу 20 милиони долари за овој хеликоптер да биде дизајниран по негова желба, за Нејмар да го користи за транспорт додека се наоѓа во татковината.

Голгетерот на ПСЖ е еден од главните адути на „кариоките“ на претстојните квалификациски дуели со Колумбија и Аргентина, на кои Бразил би можел да го осигура билетот за учество на СП 2022 во Катар.

Се вчитува...