Нејмар: Со Меси поминавме низ пекол во ПСЖ

ПСЖ ова лето стави крај на една ера, дозволи заминување на две од своите најголеми ѕвезди – Лео Меси и Нејмар и започна процес на „ребилдинг“ за конечно да се оствари најголемата цел, освојување на трофејот во Лигата на Шампионите.

Набргу по заминувањето од тимот за медиумите проговоре и најскапиот трансфер во историјата, Нејмар кој не ја пропушти шансата да упати критики кон клубот кој во 2018 година го плати 222 милиони евра. Како што вели Бразилецот, тој и Меси поминале низ пекол во Париз.

„Тој отиде во рајот со репрезентацијата на Аргентина, освојувајќи с во последните години. А, со ПСЖ помина низ пекол. Поминавме низ пекол, и тој и јас”, изјави бразилскиот фудбалер во интервју за „Globoesporte“ притоа не откривајќи детали за настаните.

Се вчитува...