Нејмар требаше да биде главна ѕвезда во Саудиска Арабија по трансферот од ПСЖ во Ал Хилал, но Бразилец продолжува да се бламира на почетокот од новата авантура во кариерата.
Тој најпрвин влезе во конфликт со тренерот, во меѓувреме демантираше дека барал Жезус да добие отказ од кормилото, но она најважното – Нејмар продолжива да разочарува на натпреварите на Ал Хилал. Тоа беше случај и на денешниот дуел со Ал Шабаб, на кој Нејмар доби шанса од пенал да се запише меѓу стрелците, но Бразилецот ниту од белата точка не успеа да го совлада противничкиот голман.
Повеќе од очигледно е дека овој трансфер е големо промашување и за двете страни, па само прашање на време е кога Нејмар ќе стави крај на кошмарот и ќе се врати во Европа, или пак во татковината каде неколку бразилски клубови се заинтересирани да го доведат во своите редови.
Neymar penalty MISS!
— CentreGoals. (@centregoals) September 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА