Доскорешниот соиграч на Килијан Мбапе во ПСЖ, бразилската ѕвезда Нејмар упатил предупредување за неговите сонародници во Реал Мадрид, Винисиус Џуниор и Родриго дека играњето заедно со францускиот голгетер воопшто не е пријатно, открива францускиот новинар Сирил Ануна.
Според сега 32-годишниот Нејмар кој одигра 156 натпревари заедно со Мбапе во ПСЖ пред да се пресели во Ал Хилал во Саудиска Арабија играњето заедно со еден од најдобрите фудбалери на денешницата е „катастрофа“ и „пекол“.
„Бразилците во Реал се пријатели на Нејмар. Отсекогаш постоела војна помеѓу Нејмар и Мбапе. Нејмар им испратил порака, им кажал дека времето поминато со него било катастрофа, дека било пекол“, вели Ануна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА