ПСЖ славеше против Нант со 2-0 во францускиот шампионат, до трите бода стигнувајќи во второто полувреме со головите на Килијан Мбапе во 52. минута и Бразилецот Нејмар во 85. минута.
Но, по својот погодок Нејмар повторно предизвика револт и лутина меѓу навивачите на ПСЖ. Во текот на целиот натпревар домашните навивачи со свирежи го испраќаа секој допир на топката на Нејмар, за да тој по постигнатиот гол гестикулираше кон нив дека сега „можат да замолкнат“. Па, очекувано, по таа гестикулација бразилскиот репрезентативец доби дополнителна „канонада свирежи“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

