Бразилецот Нејмар е една од најголемите ѕвезди кои реализираа трансфер во Саудиска Арабија ова лето.
Нејмар се уште го чека дебито за Ал Хилал, но затоа во меѓувреме не се штеди со „навредливите“ изјави на сметка на ПСЖ, Франција и европскиот фудбал а со серија пофалби за сето она што се случува во Саудиска Арабија. И нормално, ако се знаат парите кои ги доби за трансферот во оваа земја.
„Зошто постојано слушам за фудбалот во Саудиска Арабија. Па, каков е фудбалот во Саудиска Арабија? Ист како и сега. Топката е исто тркалезна и има голови на двете страни“ – иронично вели Нејмар, притоа со потсмев за француското првенство.
„Да бидеме искрени, со сите овие врвни ѕвезди кои пристигнаа тука не сум сигурен дека саудиската лига не е подобра од француското првенство. Сите оние кои се противат на оваа лига наскоро ќе почнат да ја следат затоа што за брзо ќе биде и уште посилна. Нема да биде лесно да се игра во Саудиска Арабија, многу тимови се засилија со фантастични играчи и очекувам да биде израмнето. Дојдов во Ал Хилал за да освојувам титули, тоа не се променило во мојата глава. Се додека играм фудбал, ќе игра за да освојувам титули“ – потенцира Нејмар и дополнува:
„Среќен сум што заминав од ПСЖ. Среќен сум и за Меси, затоа што тие лошо се однесуваа со него. Не го заслужи тоа. Јас, пак, не научив за шест години француски јазик, па не верувам дека ќе научам и арапски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

