Нејмар спаси едвај жива глава откако беше опколен од навивачите во Бразил (ВИДЕО)

Нејмар е без сомнение една од најсаканите јавни личности во својата татковина. Сцената што ни доаѓа од Бразил е сè освен секојдневна и вообичаена. Имено, кога излегуваше од автобусот, Нејмар беше „нападнат“ од група навивачи кои обезбедувањето едвај ги оддели од ѕвездата на ПСЖ. Некои дури се фрлија на подот и го фатија за нога Нејмар.

Сè се случи кога репрезентацијата на Бразил пристигна во хотелот во Порто Алегре. Од видеото јасно се гледа дека на Нејмар му било многу непријатно по „ураганот“ што му го подготвија навивачите. За да бидат работите уште покомични, по „стампедото“ Бразилецот накривнувајќи се упати кон хотелот, па не би се изненадиле ако рече дека е повреден.

Репрезентацијата на „Караоките“ доцна вечерва очекува квалификациски натпревар за Светското првенство во Катар, а противник им е селекцијата на Еквадор.

 

 

 

Се вчитува...