Нејмар стана атракција во „леопард“ издание

Нејмар знае да воодушеви со атрактивни потези на фудбалскиот терен, но најскапиот фудбалер на денешницата често е атракција и без фудбалската топка.

Бразилецот деновиве се појави облечен во необична „леопард“ креација, а многумина не ја пропуштија шансата да се фотографираат со него.

Фудбалерот на ПСЖ позираше во креација на Dolce&Gabbana со леопард дезен вредна 995 евра. За нешто повеќе од 12 часа фотографијата на Нејмар во „леопард“ издание доби повеќе од два милиони лајкови.

Се вчитува...