Нејмар тужен од ЛГБТ заедницата во Бразил!

Нејмар се соочува со нови проблеми во Бразил откако во татковината беше покрената судска постапка против асот на ПСЖ. Она што е интересно е фактот дека во улога на тужители се наоѓаат членови на ЛГБТ заедницата во Бразил, а во тужбата Нејмар е обвинет за ширење на хомофобија.

Како доказ е наведена аудио-снимката што беше објавена пред неколку дена во бразислките медиуми, на која се слуша како Нејмар со уште неколку пријатели разговара за инцидентот меѓу неговата мајка и нејзиното ново момче, Тијаго Рамос, кој е помлад дури и од Нејмар.

„На снимката се слуша како момчето на мајката е бисексуалец, а Нејмар и неговите пријатели дискутираат околу евентуален физички напад врз него“, се вели во обвинението од припадниците на ЛГБТ-заедницата во Бразил.

Притоа, се бара дури и притвор за Нејмар и пријателите чии гласови се слушаат на снимката, за да не може да биде извршено влијание врз сведоците.

Се вчитува...