На „Камп Ноу“, Нејмар веќе заминува во историјата. Откако Бразилецот се збогуваше со своите клупски колеги во соблекувалната на Барселона, во клубот се фатија со работа Нејмар да биде „избришан“ и заборавен колку што е можно побрзо.
За почеток, Нејмар беше симнат од рекламните постери и веќе не е дел од комерцијалниот имиџ на клубот.
Бразилскиот фудбалер кој се сели во ПСЖ со рекордно обесштетување од 222 милиони евра, набрзо потоа беше избришан и од постерот кој го најавува натпреварот на Барселона против Чепекоенсе. Пред неколку дена Нејмар беше на рекламниот постер заедно со Меси, Пике, Луис Суарез и Иниеста, а сега на негово место на фотографијата е ставен Иван Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА