Нејмар вмешан во тежок инцидент во ноќен клуб во Рио де Жанеиро

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар бил вклучен во тежок инцидент во ноќен клуб во Рио де Жанеиро за време на одморот кој го користи во очекување на стартот на подготовките за новата сезона.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, фудбалерот на Пари Сен Жермен бил вмешан во тепачка во ноќен клуб во текот на минатиот викенд.

Нејмар се впуштил во физичка пресметка со непознат маж, по што реагирало обезбедувањето и спречило поголем инцидент. Подоцна интервенирала и полицијата со земени изјави од двете страни. Со бразилскиот фудбалер во ноќниот клуб била и неговата девојка Бруна Бјанкарди.

Се вчитува...