Нејмар во Бразил само до крајот на сезоната? Ова е неговиот план

Бразилецот Нејмар по долгогодишна доминација во Барселона и ПСЖ по кратка авантура во Саудиска Арабија се врати назад во татковината ставајќи потпис со поранешниот клуб Сантос.

Договорот на одличниот фудбалер со Сантос е само до крајот на сезоната со што се појавија гласини за камбек во Европа, но оваа можност ја отфрли неговиот татко.

„Нашиот проект не е само до крајот на договорот. Не дојдовме тука за да играме пет месеци, и покрај тоа што такво е траењето на договорот. Можеме да помогнеме клубот да се врати и да застане на нозе“, рече таткото на Нејмар.

Се вчитува...