Нема да му биде лесно на ПСЖ да го задржи Нејмар на „Паркот на принцовите“ откако Бразилецот веќе почна да искажува „специјални желби“ и да влегува во конфликт со раководството на францускиот шампион.
Овојпат причина за незадоволството на Нејмар е Дани Алвеш, поточно скромната понуда што клубот му ја испратил на десниот бек во преговорите за нов договор. Во Париз веќе е „јавна тајна“ дека Тухел не го сака Алвеш во тимот, па клубот „културно“ му се заблагодарува нудејќи му неприфатливи услови, но во целата ситуација навреден се чувствува и Нејмар.
Бразилецот му се пожалил на претседателот Ал Келаифи дека Алвеш не заслужува таков третман, но и му посочил дека „тој самиот ќе биде многу посреќен доколку дефанзивецот остане во Париз“. Пораката е јасна, но првиот човек на клубот му испратил порака на Нејмар кој е задолжен за трансферите и за преговорите за нови договори во ПСЖ.
Нејмар нема да биде среќен ако сонародникот си замине, а тоа може да биде најава за негов камбек во Шпанија, но во редовите на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА