По шест години поминати во редовите на ПСЖ, Нејмар ова лето заминува од „Паркот на Принцовите“ и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе го засили Ал Хилал.
Трансферот на бразилскиот репрезентативец е веќе договорен и остануваат само да се утврдат детали. За двогодишниот договор кој ќе го потпише напаѓачот ќе заработи 320 милиони евра, а добро ќе заработи и ПСЖ со оглед на тоа што инкасира 100 милиони евра обесштета.
Најскапиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ одново ќе постави нов рекорд како најголем трансфер надвор од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

