Нејпир самокритичен: Одиграв катастрофално

Партизан во само неколку дена забележа два победи против Црвена Звезда. „Црно-белите“ на Жељко Обрадовиќ прво славеа во Евролигата, а потоа и во АБА покажувајќи доминација против вечниот ривал и најтешкиот противник во обидот за одбрана на титулата во регионалното првенство.

Предводник на Црвена Звезда во „Штарк“ арената беше Шабаз Нејпир, американското засилување кое пристигна во Белград ова лето како замена за Факундо Кампацо. 32-годишникот забележа 23 поени и 8 асистенции, но и покрај тоа потфрли во реализацијата за што сам се критикуваше по натпреварот.

„Имавме шанса, имавме ритам и бевме добри со серијата која ја направивме во третата четвртина. Само требаше да продолжиме во таков ритам. Беше тежок натпревар за нас, промашивме многу. Поготово индивидуално. Јас одиграв катастрофално. Се обидувам да го направам најдоброто за тимот и морам што поскоро да сфатам зошто шутирам лошо, но знам дека ќе биде подобро“, изјави Најпир.

Се вчитува...