Нејц Цехте е желба на РК Алкалоид?

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (33) може многу брзо да се врати во Македонија од Бундеслигата, откако постои сериозен интерес од еден од водечките клубови во нашата Суперлига.

Според словенечкиот портал „Хендбалиа“, голем интерес за искусниот десен бек покажува РК Алкалоид, кој бара квалитетен шутер и искусно име во бековската линија за следниот период. Цехте е интересна опција токму поради неговото претходно искуство во македонскиот ракомет каде играше за Еурофарм Пелистер, каде што остави силен впечаток.

Првичните контакти меѓу играчот и Алкалоид веќе постојат, а ситуацијата допрва ќе се развива. Оваа сезона Цехте настапува за Фуксе Берлин, а во кариерата играл и за ГОГ Гудме, Хановер-Бургдорф, Горење Велење и Кршко.

Се вчитува...